Кратка динамска психотерапија

Печати PDF

Со цел да се намали времетраењето на психотерапијата, а сепак да се остварат задоволителни резултати. М.Балинт, Д. Мален и други понудија нова техника - кратка динамска психотерапија чија цел е брзо разрешување на актуелните конфликти. Доколку се избере разрешување на еден конфликт, таквиот вид на терапија се нарекува фокална психотерапија. Терапијата нема за цел да навлегува во подлабоките конфликтуозни нивоа на личноста и не се дозволува развој на интензивни трансферни односи. Битно е клиентот да е силно мотивиран за разрешување на своите проблеми, да прифати дека се неговите симптоми, потешкотии од психичка природа и да е подготвен да прифати силни емотивни доживувања во процесот на терапијата. Сетингот не е класично психоаналитички и се смета дека изменетиот сетинг ја подобрува динамиката за време на сеансата, а придонесува и за формирање на благи трансферни односи.

Macedonian Albanian Bulgarian Croatian Czech Dutch English French German Greek Hungarian Italian Romanian Russian Serbian Slovak Slovenian Spanish Turkish Ukrainian
DR. MONY ELCAIM 10 Септември 2012, 16.50
DR. MONY ELCAIM
EDITH GOLDBETER MERINFELD, 08 Септември 2012, 13.22
EDITH GOLDBETER MERINFELD,
Kyriaki Polychroni 08 Септември 2012, 12.46
 Kyriaki Polychroni
Известување 17 Април 2012, 13.00
Известување
Почитувани, Со особена чест  и задоволство ве информираме дека Институтот за брак, семејство и
ИНФОРМАЦИЈА 06 Април 2012, 16.38
ИНФОРМАЦИЈА